Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Пендаровски со честитка до припадниците на Влашката заедница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, упати честитка до припадниците на Влашката заедница по повод одбележувањето на 23 Mај, Националниот ден на Власите.

„Ми претставува особено задоволство, мојата прва празнична честитка, како претседател на Република Македонија, да ја упатам до припадниците на влашката заедница по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите. Токму на овој датум, пред 114 години, во рамките на Отоманското Царство беше признаена етничката, културната и јазичната посебност на Власите. Со тоа Власите и формално добија потврда на својата историска посебност и можност да ја зацврстат својата етничка самобитност и да ја развиваат сопствената култура и традиција.

— реклама —

Би сакал да ја искористам оваа прилика како претседател на сите граѓани да ви се заблагодарам за вашиот несебичен придонес за градењето на заедништвото и меѓусебното почитување во мултикултурна и мултиетничка, демократска Република Македонија. Заедно, обединети, да продолжиме да градиме едно општество за сите и ревносно да придонесуваме за благосостојба и за  просперитет на нашата заедничка татковина. Нека е честит 23 Мај, Националниот ден на Власите“, стои во честитката

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања