Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Пендаровски со нови пораки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
C5B0BD8D-9689-4D8F-A04C-B8F1A3447022

Кандидатот за претседател поддржан од граѓаните и од 30 политички партии, на жителите на Шишево им порача дека го застапува концептот на единство и заедништво.

— реклама —

— реклама —

Доста беа делби, обединети, треба сите заедно да гледаме напред  и за младите да направиме европска  држава и иднина, е пораката на Пендаровски.

— реклама —

„Ние сите сме исти. На 21 април и 5 мај да излеземе масовно на избори, за да дадеме поддршка да продолжи политиката која е поддржана од мнозинството граѓани, политики на заедништво, на едно општество за сите, за напредок. Единствено тоа не води кон Европа и НАТО. Политиката на Гордана Сиљановска ги следи насоките на Никола Груевски и Мицкоски и тоа ќе значи поништување Законот за јазици, ќе значи акции против напредокот и заедништвото. Тоа де факто значи трет мандат на Иванов “, рече Пендаровски.

— реклама —

Пендаровски побара граѓаните, сите заедно, да не дозволат да се вратат тие политики назад, туку да дадат придонес за напред, за подобар живот, нови работни места  и соживот. Изминативе две години, рече,  гледаме целосно нов пристап во нашето општество, градиме заедништво, едно општество за сите, многу е важно да продолжиме по тој пат, рече Пендаровски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања