Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Пендаровски со пензионерите: Патот кон ЕУ и НАТО е единствениот кој ќе донесе подобар живот и за пензионерите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
a5

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, на средба со пензионерите  рече дека  напредокот што политиките на актулената Влада го обезбедуваат мора да продолжи затоа што тоа е вистинскиот пат до подобар живот за пензинерите но и за младите истовремено, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

За да се постигне посакуваната цел мораме да продолжиме по вистинскиот и единствен пат, а тој води кон НАТО и ЕУ. Тоа значи сигурност, безбедност и стабилност, но тоа значи и повеќе пари кај граѓаните.

— реклама —

„На овие  избори ќе се судрат два концепта кои се многу спротивставени. Мојот концепт  е напредкот, државата да биде дел од Европската унија. Другиот концепт е напредокот кој започна да се поништи и да се прекинат сите разговори со ЕУ и со НАТО и да се вратиме назад.Нашиот избор е напред, да одиме напред заедно“ рече Пендаровски

Тој посочи дека не смееме да се исцрпуваме со кавги и внатре и со соседите.

“Да му дадеме шанса на овој концепт кој ние го нудиме, да дадеме  ветер во грб на оваа политика, само тој е патот по кој може да одиме. Минатата година беше година на интеграции, а оваа е година на економијата, затоа што заслужуваме подобар живот, подобар стандард, нови и подобро платени работни места“, рече Пендаровски,

На средбата присуствуваше и членот на ЦО на СДСМ, Мила Царовска,  која рече дека како расте економијата така ќе растат и пензиите.

„Во сите проекти на ММФ и Светска банка, доколку се продолжеше со претходниот систем и политики, ние за 10 години ќе имавме фискално цунами на пензискиот систем. Ние сме одговорни и работиме за да се обезбедат стабилни и поголеми пензии но не само за сегашните туку и за идните пензионери“, рече Царовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања