Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го обвини шефот на државата Стево Пендаровски дека е „исчезнат“, и дека само по нарачка него го критикува, тој ја искоментира оваа изјава.
Вели дека Македонија е парламентарна демократија, а не претседателски систем.
„Интересна е неговата изјава дека сум исчезнат, за него не бев исчезнат додека се обидуваше да направи парламентарно мнозинство од 61 пратеник. Одеднаш, според него исчезнувам откога му пропадна обидот да направи мнозинство од 61 пратеник”, рече Пендаровски.