Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Пендаровски: Со синергија меѓу државните институции, приватниот и граѓанскиот сектор да обезбедиме услови за остварување на младите иноватори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Foto-3

Претседателот  на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски  вчера вечер, преку видео врска, се обрати на завршниот настан на овогодинешниот „Generation Unlimited - Младински Предизвик”, односно на презентацијата на решенијата на 5-те тимови финалисти.

Осврнувајќи се темата на иницијативата „Како може дигиталната технологија да влијае за поактивно вклучување на децата и младите со попреченост во образованието и во секојдневниот живот“, претседателот Пендаровски посочи дека младите не се доволно застапени во овој сегмент во нашата земја, односно дека најчесто се очекува иновативните решенија да доаѓаат од повозрасните граѓани.

— реклама —

„Ова е вистинскиот пат по кој треба да одиме, и кога ќе заврши кризава да не ги заборавиме дигиталните алатки коишто ни помагаат и допрва ќе ни помагаат на сите нам, на сите категории на лица, а посебно на лицата со попреченост. Треба да ги користиме сите алатки и уште повеќе на овие луѓе да им го олесниме пристапот до образованието, но и до сите други институции. На пример, пред да започне пандемијата, незамисливо беше наставата да се одвива он – лајн“, истакна претседателот Пендаровски.

— реклама —

Потенцирајќи дека секое понудено иновативно решение е многукратно повредно ако може практично да се примени и конкретно да им помогне на лицата со пречки во нивното секојдневие, претседателот Пендаровски рече дека младите коишто го прифатиле предизвикот Generation Unlimited и чии решенија имаат апликативна вредност, многу побргу фаќаат чекор во споредба со постарата генерација.

„Државните институции мораат да ги препознаваат побрзо и подобро, напорите на младата генерација во овој дел на креативни решенија. И да им даваат простор, да им даваат ресурси, да им помогнат конкретно да ги развијат нивните идеи до крај. Но треба и да се поврзат државните институции, приватниот сектор, граѓанските организации и да постои една синергија со една единствена цел - да обезбедиме услови за остварување на младите креативци, иноватори и за многу кратко време да видиме примена на нивните пронајдоци“, заклучи претседателот Пендаровски.

— реклама —

„Generation Unlimited - Младинскиот предизвик“ ги повикува младите иноватори во целиот свет да дизајнираат решенија кои ќе го подобрат образованието, вработеноста и граѓанската вклученост. Младинскиот предизвик, кој оваа година се одвива во 40 земји, е иницијатива која глобално остава силен впечаток и служи како пример за тоа што се може да постигнат младите.

— реклама —

Во нашата земја, предизвикот се реализира втора година по ред. Проектот го реализира УНИЦЕФ во партнерство со Фондацијата Телеком за Македонија и СмартАп - Лабораторија за социјални иновации Скопје.

фото: Кабинет на Претседател

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања