ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Пендаровски: Шпанија на 17 март ќе го ратификува Протоколот за НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Сенатот на Шпанија на 17 март ќе одржи пленарна седница на која ќе го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО, рече на денешната прес-конференција претседателот на државата Стево Пендаровски.

— реклама —

-И покрај состојбата во Шпанија која е исклучително лоша, бидејќи Шпанија е во високоризичните држави, тие на 17-ти овој месец закажаа седница на Парламентот на која дел ќе биде и преку видеолинк и ќе има само една точка на дневниот ред, а тоа е ратификацијата на Пристапниот протокол за нашата држава за членство во Алијансата. Колку е голема солидарноста на шпанскиот Парламент, мнистерката за родова еднаквост е заразена со вирусот, а во самоизолација е и вицепремиерот на шпанската Влада, истакна на денешната прес конференција претседателот Пендаровски.

Тој додаде дека за жал поради коронавирусот, ние нема да можеме да го организираме настанот со кој сакавме на еден симболичен начин да го покажеме нашето физичко практично пристапување кон НАТО-Алијансата.

— реклама —

Претседателот Пендаровски соопшти дека според најновите информации кои ги добиле, координациите во Брисел во однос на добивањето на датум за преговори со ЕУ за нашата земја, се практично завршени.

фото: prtSC

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања