„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Пендаровски упати честитка до новинарите и медиумските работници во земјава по повод 3 Мај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Foto_PRSM-Pendarovski

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до новинарите и медиумските работници во земјава по повод 3 Мај – Меѓународниот ден на слободата на медиумите.

— реклама —

Важноста на улогата на новинарите и медиумските работници е особено голема во време на неизвесност, криза или конфликти. Во сегашната пандемија од коронавирусот, кога најголем дел од граѓаните се заштитени во своите домови, новинарите и медиумските работници секојдневно се ангажирани со цел да обезбедат брза и точна информација. Паралелно со пандемијата на вирусот ни се случува и пандемија од лажни вести, затоа во овие вонредни околности од круцијално значење е нивната професионалност и објективност, пишува Пендаровски во честитката.

Претседателот додава дека за да се развие независно и професионално новинарство потребно е да се обезбедат подобри услови за работа, да се унапредат синдикалните права, да се зголеми безбедноста и заштитата на новинарите и медиумските работници и да се ослободат од економската зависност и од политичките влијанија, а институциите да бидат транспаретни.

— реклама —

Истовремено, за да поттикнат дебата за значајни прашања и да бидат показател за зрелоста на една демократија, медиумите треба да бидат ослободени од страв и од клиентелизам, остварувајќи го едно од фундаменталните човекови права, слободата на говор, порачува Пендаровски во честитката.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања