Пендаровски упати писмо до Вселенскиот Патријарх Вартоломеј

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Foto_PRSM-Pendarovski

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх. Во продолжение го проследуваме текстот на писмото.

— реклама —

Ваша Сесветост,

Ми претставува особена чест да Ви се обратам и да ги изразам своите срдечни желби по повод почетокот на Новата црковна година.

— реклама —

Историјата вели дека треба постојано да се сообразуваме со времето и да го користиме во полза на благосостојбата на луѓето. Вселенската патријаршија е пример за тоа како може да се остане доследен на вредностите, а истовремено да се биде динамичен во соочувањето со тековните предизвици.

Како претседател на мојата земја, сакам лично да Ве информирам дека како држава, изминативе три години, решивме да го искористиме времето во наша полза и да ги оставиме зад нас историските несогласувања.

Ви се обраќам во името на голем дел од моите сограѓани коишто се идентификуваат како православни христијани и чија единствена желба и потреба е да се смират со своите ближни и да се упатат кон заедничката иднина, кон соживотот и кон вистинската слобода. 

Во оваа насока би сакал да упатам барање до Вашата Сесветост да го уважи повикот на нашиот благочестив народ и на нашата Црква да го употребите своето апелационо право, со што нашите граѓани од православна христијанска вероисповед, конечно, ќе ја добијат можноста да бидат еднакви со сите останати православни христијани во светот.

Ви посакувам здравје среде големата неизвесност со здравствената криза што го зафати целиот свет.

Стево Пендаровски

Претседател на Република Северна Македонија 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања