Пендаровски во Алејата на великаните, положи цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од НОБ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Foto-8

— реклама —

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, заедно со претставници на Сојузот на борците, по повод 2-ри Август – Ден на Републиката, денеска, во Алејата на великаните, на градските гробишта Бутел во Скопје, положи цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од НОБ, се поклони и оддаде почит на вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски и на генерал Михајло Апостолски.

— реклама —

— реклама —

 Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, предводена од генералниот секретар Миле Бошњаковски, по повод 2-ри Август, положи цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот Жена-борец, пред споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Северна Македонија и пред споменикот на Методија Андонов-Ченто на градскиот плоштад во Скопје.

 По повод 2-ри Август - Денот на Републиката, делегации од Кабинетот на Претседателот денеска учествуваат на одбележувањето на Илинден во Крушево, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце и во Смилево. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања