Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Пендаровски  во Пробиштип : Нема да дозволиме враќање во минатото, трасиран е патот што води кон ЕУ и НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Q2

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, денеска беше во посета на Пробиштип и Карбинци, каде од жителите на овие општини побара масовна поддршка на 21 април и на 5 мај преку заокружување на бројот 3, за подобра иднина, за да не се дозволи враќање во минатото и времето на груевизмот. Другата опција, посочи Пендаровски, нема визија, сакаат само се што е добро направено за државата да го укинат,  тие да се вратат на власт и само тие да живеат добро на сметка на другите граѓани.

— реклама —

- Ако некој сака да гласа за Гордана Сиљановска тоа значи трет мандат за Иванов. Името е  различно, но политиките се исти. На 21 април и на 5 мај тоа нема да им го дозволиме туку ќе продолжиме Заедно напред кон интеграција во ЕУ и НАТО онаму каде припаѓаме, рече Пендаровски.

Патот по кој оди оваа Влада, рече Пендаровски, води кон развој, нови инвестиции, подобар стандард, поголеми плати и нови работни места, а сето тоа е поттик младите да останат дома.

— реклама —

Пендаровски повика на заедништво и сплотеност,  бидејќи отворените перспективи кон ЕУ и НАТО, носат само добро за државата, за граѓаните, особено за младите. Патот е трасиран и нема враќање назад, порача Пендаровски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања