Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Пендаровски во работна посета на Словенија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Slika-S.Pendarovski

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, на 15 и 16 јули 2019 година ќе престојува во официјална посета на Република Словенија.

Претседателот Пендаровски во понеделник, 15 јули 2019 година, во Љубљана ќе биде примен со високи државни и воени почести од Претседателот на Република Словенија, Борут Пахор. Предвидено е претседателот Пендаровски и претседателот Пахор да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации.

— реклама —

Претседателот Пендаровски во вторник, 16 јули 2019 година, ќе оствари средби со Претседателот на Државното собрание на Република Словенија, Дејан Жидан и со Претседателот на Владата на Република Словенија, Марјан Шарец.

— реклама —

Во Љубљана, претседателот Пендаровски ќе одржи предавање на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) на тема „Иднината на Македонија - Како да се забрза интеграцијата во ЕУ“.

— реклама —

Во рамки на посетата, претседателот Пендаровски ќе одржи средба со европратеничката Тања Фајон, ќе се сретне со словенечки стопанственици, како и со претставници на македонски културни друштва во Словенија.

Во Љубљана, Претседателот ќе ја посети Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“.

За време на официјалната посета на Република Словенија, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од неговата сопруга, Елизабета Ѓоргиевска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања