Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Пендаровски во тесно водство пред Силјановска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
282559-0.Basic-duel

Стево Пендаровски има тесно водство во однос на Гордана Силјановска Давкова пред претседателските избори на 21 април, покажа анкетата на „Детектор“ објавена на Сител.

— реклама —

За кандидатот на СДСМ и владината коалиција со сигурност би гласале 28,8 отсто, додека за конкурентот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ својот глас потврдиле дека ќе го дадат 26,6 отсто. За Блерим Река, зад кого стојат Беса и Алијансата за Албанците, би заокружиле 7,1 проценти од испитаните гласачи.

— реклама —

Кај етничките Македонци води Силјановска со 35,8 отсто, додека Пендаровски има над 17 отсто кај албанските гласачи. Силјановска води кај другите етнички заедници.

— реклама —

Со оглед на тоа што сите кандидати се професори, направено е посебно испитување кај студентите, а таму води Пендаровски со 26,1 отсто. Тој е најпопуларен и кај јавната администрација со 39,1 отсто пред Силјановска со 32,2 отсто.

— реклама —

69,3 отсто рекле дека ќе излезат на гласање од тие што живеат во Македонија, односно не се иселени во странство.Само 6,3 проценти одговориле дека треба да се бојкотираат изборите

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања