Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Пендаровски за „Рекет“: Отидоа на одмор како да е редовна состојба, згрозен сум и одма се да се истражи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
1-Facebook-Google-Chrome_2

Претседателот Стево Пендаровски повика на одговорнсот за сите кои учествувале во аферата „Рекет“. Тој потенцира дека треба сите чии гласови се слушаат во снимките сами да се јават и да дадат исказ во институциите.

„Сведоци сме на огромна криминална афера која ги тресе темелите на иституциите. Јас уште на почетокот кажав дека сум згрозен и побарав одма да се истражи. Наместо тоа, тие отидоа на одмор како да се работи за редовна состојба. Доколку има докази да се поднесат обвиненија против сите без разлика дали се од власта или не, повикувам и на политичка одговорност. Сите чии имиња се споменети во аферата, сами да дадат изјави во истражните органи. Треба да ни биде помалку битно кој ги дал снимките туку дали се вистинити или не“, вели претседателот Стево Пендаровски.

— реклама —

Тој порача судот и обвинителството да ги прекинат колективните одмори.

— реклама —

„Не смееме да си дозволиме кога имаме ваква огромна афера, ние да тераме одмори. Тие да почнат да ја работат својата работа, не можеме да чекаме со месеци“, додаде Пендаровски.

— реклама —

Пендаровски побара ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата за случајот „Рекет“, се разбира, како што рече, со почитување на пресумпцијата на невиност.

На денешната прес-конференција Пендаровски рече дека е разочаран од она што го слуша и повикал на брза и темелна истрага.

„Наместо тоа надлежните отидоа на годишен одмор како да се работи за рутинска проверка. Револтот кај граѓаните е огромен и сосема оправдан и јас како граѓанин човек сум разочаран што се изневерени и моите очекувања“, рече Пендаровски.

Прочитај го и ова: Пендаровски два пати се сретнал со Боки 13

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања