Промени тема
Контакт

Пендаровски згрижен од еден потег на Македонците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
pendarovski-on-750x430-1

Вчера имаше вонредна седница на Советот на НАТО со заклучок дека има напад врз цела територија на една суверена земја, што е без преседан, а тоа е сериозен обид да се нарушу архитектурата на безбедноста во Европа, вели за Утрински брифинг претседателот на Македонија Стево Пендаровски.

-Ние сме членки на НАТО, индикативно ми е што состанокот на ЕУ траел долго, а состанокот на НАТО траеше точно 60 минути, говореа сите и заклучокот беше еден: Русија е агресор. Во однос на санкциите, тоа се главно финансиски санкции и не нерувам дека ќе имаат поголем ефект. Голем дел од операциите во Украина се финансирани и со биткоини а тоа не може да се сопре, вели претседателот Пендаровски.

Руската Федерација има 500 милијарди долари резерви и може да издржи тотална војна со Украина цели две години. Пендаровски потсетува дека според разузнавачки информации, предупредувањата дека Путин ќе влезе во Украина се од пред пет месеци.

— реклама —

-Немам никакви комуникации со рускиот амбасадор, а веројатно нема ни владата, но бидејќи како членка на НАТО се приклучивме кон санкциите и очекувам реципрочна мерка. Во политичкиот дел исто така очекувам мерки, бидејќи односите не ни се добри веќе две години. Во однос на безбедносните консеквенци ако Путин ја освои Украина, на Западен Балкан најранливата точка е Бањалука, велипретседатеот Пендаровски за Утрински брифинг.

— реклама —

Тој додава дека е очигледно оти има постојан канал на комуникации меѓу Владимир Путин и Милорад Додик.

Во Македонија има забележителен број луѓе кои негуваат пријателски чувства кон Русија, но има и луѓ кои имаат симпатии кон Путин.

— реклама —

-Во Македонија ќе се случува збивање на редовите пред она што се оценува како заедничка опасност и ризик, исто како што има во НАТО и ЕУ. Оти ова е нецивилизирано однесување. Нема никакво оправдување за ова што го прави Путин и го вели – дека Украина има профашистички режим, а притоа е предводена од еден Евреин, вели Пендаровски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања