Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Пендаровски:После подолг временски период, Македонија се врати на вистинската патека на европеизација и демократизација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Kavadarci-1

После подолг временски период, Македонија се врати на вистинската патека на европеизација и демократизација, знаете дека долги години бевме заробена држава, знаете дека имавме политички кризи, политички турбуленции, имавме дури и насилен упад во Парламентот, меѓутоа новата влада за релативно кус временски период успеа да ја стабилизира земјата и да ја донесе практично на прагот на НАТО алијансата, истакна Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател од Кавадарци.

— реклама —

По добивањето на поканата за влез во Алијансата, минатата година, очекуваме до крајот на оваа година да станеме 30-та земја членка на најмоќниот воено -политички сојуз на светот.

Сето тоа немаше да биде можно ако не бевме сплотени околу идејата да ја реазлираме најголемата стратешка цел од осамостојувањето до денес, а тоа е сите да застанеме зад прогресивните сили кои имаат тешка битка, поминаа многу препреки и конечно успеаа да ги победат силите на регресот.

— реклама —

Денес, за жал се уште постојат луѓе и политички структури кои мислат дека со нудење алтернатива која значи всушност враќање назад или со блокада на развојот на државата, Северна Македонија може да просперира.

Наредните претседателски избори треба да покажат дека курсот што Македонија го има заземено е исправен и единствено можен во овој период, и јас би апелирал до сите луѓе кои мислат добро на сопствената земја да гласаат за оваа политичка опција за оваа политичка структура, од која сум и јас самиот дел, која во изминативе година и пол до две, навистина успеа од една заробена држава да направи де факто членка на евроатлантските институции.

Македонија не смее да си дозволи да оди назад затоа што таа опција е најпогубна за сите нас, ако дозволиме да поништиме се што до овој момент сме постигнале, ако ги поништиме сите договори, сите компромиси кои оваа влада успеа да ги направи, мислам дека ќе се вратиме во голема неизвесност, а тоа нема да донесе прогрес за никого.

Едноставно Македонија мора да биде дел од напредна, демократска Европа и да биде дел од напредниот и демократски свет.

Северна Македонија не смее да се враќа назад, мора да продолжи напред, да биде дел од напредниот свет, истакна Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател од Кавадарци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања