Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Пендаровски:Во нашата земја мора да воведеме нова политичка култура и нов начин на водење на политиката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
1-3-3

Политичките партии не смеат да го кочат или блокираат развојот на државата. За жал во минатото бевме сведоци кога тесно партиските интереси беа претставувани како државни интереси или како интереси на сите граѓани кои живееја во нашата земја, истакна Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател.

— реклама —

Во таков случај најголема жртва се имено граѓаните и нивните интереси бидејќи тесно партиските елити своите приватни финансиски интереси си ги претставуваат како интереси на сите нас. Тоа повеќе не смее да се дозволи.

Во нашата земја мора да воведеме нова политичка култура и нов начин на водење на политиката. Јас ќе бидам како претседател решително против тоа, тесно партиските интереси да бидат претставувани како интереси на сите граѓани.

— реклама —

Партиските интереси си имаат свое место меѓутоа несмее да дојде до спојување на интересите на една тесна партиска клика со интересите на сите нас, бидејќи во тој случај трпат економските интереси на државата, на граѓаните, трпат нашите интеграции и најмногу трпат правата и слободите на граѓаните.

Како претседател на државата имам намера да бидам решително против секој обид тесно партиските интереси да бидат претставувани како интереси на целата држава.

Во мене граѓаните ќе имаат најголем заштитник на своите права и слободи и најголем промотор на овој нов тип на политика кои ни е потребен после долги години стагнирање во оваа сфера, истакна Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања