Промени тема
Контакт

Пенков: Поддршката на Владата за локалната самоуправа е клучна, развиени општини се основа за развиена држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
penkov

Златко Пенков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието, истакна дека клучната поента е стабилизација на економијата, преку растот на БДП од 3% и зголемената економска активност во сите сектори. Тој посочи дека особено е значајна поддршката од страна на Владата за локалната самоуправа, со цел да се унапреди развојот на општините како основа за стабилна држава.

,,Клучна поента, клучен збор е стабилизација. Стабилизација со 3% раст во првиот квартал на БДП. За мене клучна поента на целокупниот документ наречен Ребаланс или предлог за измени и дополнување на буџетот е стабилизацијата која што јас ја гледам како одлична основа“, рече Пенков.

Пенков истакна дека буџетскиот дефицит останува стабилен што значи дека одговорно се управува со јавните финансии.

— реклама —

,,На приходната страна се проектирани 362 милијарди 377 милиони денари, а на расходната страна имаме проектирано 403 милијарди 727 милиони денари. Дефицитот, останува ист. Проектирана 41 милијарда и 350 милиони денари, т.е нема промена во висината на буџетскиот дефицит. Според доставените податоците, секако и во директна комуникација со заменикот министер, заклучивме дека станува збор за економски термин реалокација на средства“ истакна Пенков.

Пенков посочи дека БДП во првиот квартал од 2025 година пораснал за 3%, што укажува на продолжена стабилизација и зголемена економска активност во сите сектори.

— реклама —

„Најважниот показател, БДП, во првиот квартал во 2025 година расте со стапка од 3%. Односно, продолжува позитивниот тренд. Она што во експозето на заменик министерот стои како продолжена стабилизација, мислам дека е јасно зошто, затоа и во претходните два квартали имаме исклучително позитивна стапка на раст меѓутоа за мене најважно е како е настанат тој раст. Со зголемена економска активност во сите сектори. Посебно ги издвојувам градежништовото со 7,1% меѓутоа не помалку важно и растот во преработувачката индустрија, со 3,7 процентни поенти“, кажа Пенков.

Според Пенков, растот на БДП се должи на зголемената домашна побарувачка, значаен раст на бруто инвестициите и позитивен придонес од растот на извозот.

„На расходната страна растот на БДП се должи на зголемена домашна побарувачка. Бруто инвестициите имаат раст од 18% и на сето ова може слободно да додадеме и еден позитивен сигнал од растот на извозот од 1,2% на реална основа“, рече Пенков, и додаде:

— реклама —

„Стапката на невработеност, често пати е екплоатирана тема, 11,7% и имаме намалување од 0,2 процентни поени додека стапката на вработеност во истиот период изнесува 46,3%“.

Тој посочи и на поддршката на Владата за општините преку финансирање инфраструктурни проекти и обезбедување финансиска стабилност, бидејќи според него, развиени општини се основа за развиена држава.

— реклама —

„Многу значајна продолжува и останува поддршката на Владата до единиците на локалната самоуправа по најмалку два сегменти, првата е да се овозможи финансирање на инфраструктурни проекти од една страна и од друга страна да се работи на финансиската стабилност за единиците на локалната самоуправа. Затоа што конечно сите мораме да разбереме дека една држава за да биде развиена мора да има развиени општини“, додаде Пенков.

Пенков истакна дека Владата има приоритет да ги развие локалните самоуправи преку продолжување на децентрализацијата, пренесувајќи надлежности од централната власт на општините, со цел подобри услуги за граѓаните.

„Врвниот приоритет на Владата се развиени единици на локалната самоуправа од една страна а од друга страна е продолжување на процесот на децентрализација, тоа значи надлежностите кои што ги имаат органите на управата кои што се по директни јурисдикција на Владата постепено да се пренесат на единиците на локалната самоуправа и тоа јас сум убеден дека ќе биде дополнителен инпут за секоја општина и за граѓаните на таа општина“, заклучи Пенков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 13 часа

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 14 часа

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 1 ден

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања