Пенс до Заев: Ја имате мојата поддршка во овој важен момент за земјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
1213655_pens-ap-190401_ls

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајкл Пенс испрати писмо до Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.

— реклама —

Во писмото, Потпретседателот Пенс пишува дека беше чест да се сретне со премиерот Заев на 20 септември во Белата Куќа во Вашингтон и дека ја цени можноста заеднички да разговараат за спроведувањето на историскиот договор од Преспа со Република Грција.

— реклама —

Во своето писмо Потпретседателот Пенс ја истакнува неговата благодарност за покажаното лидерство во постигнувањето на договорот и нагласува дека 90 отсто од оние што гласаа на референдумот го одобрија Договорот од Преспа, и со тоа ја потврдија огромната посветеност европската иднина на Република Македонија.

— реклама —

„Соединетите Американски Држави ја споделуваат вашата посветеност за поголема сигурност и стабилност на регионот. Бидете уверени во мојата континуирана поддршка во овој важен момент за вашата земја“, пишува Потпретседателот на САД во своето писмо до премиерот Заев, и истакнува дека во наредниот период очекува натамошно јакнење на пријателството меѓу двете земји.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања