Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пензија дури на 70 години и укинување на предвременото пензионирање во Германија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
penzija

Германија се подготвува за темелни промени во пензискиот систем, откако Комисијата за пензии се согласи за пакет од 30 мерки кои предвидуваат значително продолжување на работниот век, укинување на предвременото пензионирање и нов начин на финансирање на пензискиот фонд.

Предлозите официјално треба да му бидат претставени на федералниот канцелар Фридрих Мерц и на министерката за труд Бербел Бас на 23 јуни, објавува германското списание „Феникс“.

— реклама —

Една од најзначајните мерки е постепеното зголемување на старосната граница за пензионирање. Според предлогот, од 2071 година задолжителното пензионирање би било на 69 години, додека од 2091 година старосната граница би се зголемила на 70 години.

Покрај тоа, целосно би се укинала можноста за предвремено пензионирање на 63 години, која досега беше широко користена во Германија.

— реклама —

Новина е и инвестирањето на дел од пензиските придонеси на пазарот на капитал. Во почетната фаза, еден процентен поен од придонесите ќе се вложува на берзата, при што трошокот подеднакво ќе го делат работодавачите и вработените. Во иднина се планира овој удел да се зголеми на два процентни поени.

— реклама —

Од 2031 година повторно ќе биде воведен и т.н. фактор на одржливост, механизам што го поврзува растот на пензиите со бројот на осигуреници. Овој модел би требало да го забави растот на придонесите, но истовремено ќе значи и побавно зголемување на пензиите.

Меѓу предложените мерки е и проширување на кругот на лица кои ќе бидат обврзани да плаќаат пензиски придонеси. Така, во системот би биле вклучени и пратениците во Бундестагот и покраинските парламенти, самовработените лица, претприемачите, занаетчиите и претседателите на управните одбори на акционерските друштва. Засега, државните службеници остануваат надвор од овој систем.

— реклама —

Предлогот предвидува и целосно укинување на моделот на мини-работни места кои досега беа ослободени од плаќање пензиски придонеси. Во иднина, оваа поволност би важела само за ученици и студенти, доколку нивните месечни приходи не надминуваат 603 евра.

Предложените мерки сè уште не се усвоени и ќе бидат предмет на политичка расправа во наредниот период.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Германските ракети со дострел до 2.000 километри отвораат нова безбедносна дилема во Европа

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Германија стравува од недостиг на гас, планира формирање државни резерви

Свет | пред 10 часа

media-library18i26ga29ta675rNxAu

Германија ги исфрла кинеските дронови од употреба во својата војска

Свет | пред 1 ден

media-library28mg73apibvg37GaVOa

(Видео) Инцидент пред германскиот парламент: Палестинско знаме го замени германското

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања