„Пензијата ќе ја земаш во затвор, каде нас нѐ прати невини - монструм!“, Јане Ченто со порака до разрешената Русковска која планира да се пензионира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
ruskovska-centojpg

„Монструм кој уништи многу човечки животи и фамилии“. Со овие зборови, осудениот Јане Ченто, ја опиша разрешената обвинителка Вилма Русковска, кој го смести во затвор преку обвинението за „27 април“. Тој потсети дека Русковска донела загрозен сведок за да лаже пред судот, а јавноста немала можност да чуе бидејќи медиумите не смеат да ги следат тие судења.

— реклама —

„Имам нешто да му порачам на тој МОНСТРУМ што донесе загрозен сведок да лажи во суд и ја исклучи јавноста за да не слуша Македонскиот народ какви болни лаги се зборуваат таму. Монструму, 2024 ќе биде година каде ќе се отвори случајот 27ми Април, ќе се дознае што правеше во тој случај и како без докази осуди невини луѓе на 200 години затвор. Ова што те разрешуваат денес е почеток на твојот тежок крај“, напиша Ченто.

Тој додаде: „Те слушам пензија ќе си земала, само да ти порачам и да ти ветам таа пензија ќе ја земаш во затвор, онаму каде што нас нѐ прати невини. Со твојот болен мозок намести чесни македонски патриоти да лежат во затвор“.

— реклама —

Во јавната објава, тој испрати поради и други лица, кои ги поврзува со случајот „27 април“.

„Имам нешто да им порачам и на сите слуги и извршители што беа вмешани во местенката за 27ми Април и кои сооработуваа со Монструмот повеќе од 7 години......и Вас ве чека истото и Ви порачувам, сега е време да си кажете зошто го прававете тоа и по чии наредби, можеби ќе си ја исперите совеста и ќе Ви простиме, во спротивно ќе му правите друштво на овој МОНСТРУМ во затвор за скоро. Правдата ќе дојде за брзо, ќе се сретнеме за многу брзо! Да живее Република Македонија!“, се додава во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања