Социјалните мрежи денеска беа преплавени од видеа од загрижена пенизонерка која го пресретна премиерот Димитар Ковачевски во маркет. Таа му се пожали на високите цени и ниските плати.
Малку време беше потребно медиумите да откријат дека таа е всушност активистка на ВМРО-ДПМНЕ. Пензионерката има и фотографија со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
/screenshot-2023-03-28-at-20-22-12-502x800" rel="attachment wp-att-216517">
Станува збор за скопјанката Ацка Станишева чиј профил на Фејсбук изобилува со фотогафии каде таа е сликана на партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ, но и на протестите против Францускиот предлог кои се одржуваа во јули.
/screenshot-2023-03-28-at-20-13-31-768x355" rel="attachment wp-att-216516">