Промени тема
Контакт
Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK 2:18:21

Пензионираниот судија осомничен за поткуп, Елјеса Алији, повторно се пријавил за претседател на Гостиварскиот суд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryjr2mkk6u9gmp6yVxcJ7
screenshot / ПОРТАЛ Х

Пензионираниот судија Елјеса Алији повторно се пријавил за претседател на Основниот суд Гостивар, но неговата кандидатура не била прифатена од Судскиот совет поради тоа што ги исполнува условите за старосна пензија, пишува „Слободен печат“.

— реклама —

Алији, кој до неодамна беше претседател на Гостиварскиот суд, во мај годинава беше осомничен за примање поткуп од 8.000 евра.

— реклама —

Судскиот совет денеска соопшти дека за претседател на Основниот суд Гостивар е избран досегашниот вршител на должноста, Мирослав Петровски, кој имал уредна и целосна документација.

Од постапката за избор била исклучена и кандидатката Драгослава Веселиновска поради некомплетна документација, односно поради недоставен акциски план за работа.

— реклама —

На денешната седница Судскиот совет избрал претседатели и на Основниот суд Дебар и на Основниот суд Свети Николе. За претседател на Дебарскиот суд е именуван Оруч Абазовски, додека со Основниот суд Свети Николе ќе раководи Валентина Буровска, која била единствен кандидат.

Советот ги усвоил и извештаите за проверка на пријавите за претседател на Апелацискиот суд Скопје и на Основниот суд Струга. За претседател на Апелацискиот суд Скопје во следната фаза продолжуваат судиите Зоран Герасимовски и Лидија Зимбовска, додека единствен кандидат за претседател на Основниот суд Струга е Танче Петревски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања