На 05.09.2019 во 12.10 часот на крстосница од ул.„Драган Стопаревиќ“ и „Васил Драгомански“ во Куманово патничко моторно возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.А.(43) од Куманово, удрило во С.Д.(73) од Куманово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.