Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Пешевска: Во гази Баба, вработувањата на партиски кадри не престанува, а долгогодишни професионалци се отпуштаа од работа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
gazi-baba

Општина Гази Баба под раководство на СДСМ и Борче Георгиевски продолжува да се партизира и приватизира.  Општина во која наместо живот има стагнација, нереализирани проекти, услови за живот кои се далеку од нормални за времето во кое живееме.    Граѓаните се разочарани и се чувствуваат измамени бидејќи ветувањата на СДСМ и Борче Георгиевски останаа само слово на  хартија.  Но затоа вработувањата на партиски кадри не престанува, а за сметка на тоа долгогодишни професионалци се отпуштаа од работа.

Со еден збор како што милува деспотот Заев да каже блескаме, ама блескаме во делот на непотизам. Последно од низата на партиски вработувања, унапредувања и именување на директори со класичен пример за непотизам е поставувањето на директор на основното училиште „Наум Наумовски Борче“.

— реклама —

Имено, новата директорка на ОУ „Наум Наумовски Борче“ е сестра на директорот на средното училиште „Михајло Пупин“. Братот директор, сестрата директорка.  Тoa e принципот на функционирање на СДСМ, роднински и тесно партиски. Граѓаните нема да останат неми на овие случувања и ќе го казнат лицемерното однесување на СДСМ.  Затоа што граѓаните на Гази Баба заслужуваат многу повеќе, истакна Жаклина Пешевска, пратеник од пратеничката група предводена од  ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“.

— реклама —

— реклама —

 

 

                                   

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања