Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Песков: Изјавите на германскиот министер за безбедноста во Европа покажуваат непознавање на состојбите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 51 минута -

Свет
media-libraryun9tb9jchivtaakxn0Q
wikimedia commons

Остра размена на пораки меѓу Москва и Берлин следуваше по изјавата на германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул дека мирот и стабилноста во Европа се можни само наспроти Русија, а не во соработка со неа.

— реклама —

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го обвини германскиот министер дека води конфронтациска политика кон Москва, оценувајќи дека неговите ставови покажуваат длабоко непознавање на состојбите. Вадефул ја даде изјавата минатиот понеделник, на 72. годишно заседание на Парламентарното собрание на НАТО во Берлин.

— реклама —

Реагираше и советникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков, кој во интервју за руската државна телевизија иронично праша дали германскиот министер бил трезен кога ја дал изјавата. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пак, му порача повторно да ги прочита учебниците по историја.

— реклама —

Москва неодамна ги повика Германија, Франција и Велика Британија на разговори за идниот безбедносен поредок во Европа, но тврди дека сè уште нема добиено одговор.

— реклама —

Украина предупреди на опасностите од таквите преговори, оценувајќи дека постојниот европски безбедносен систем е изложен на постојани напади од Русија. Во меѓувреме, повеќе европски министри за надворешни работи изразиле резервираност кон разговорите со Москва пред да биде постигнат прекин на огнот во Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц предупредува: Германија нема пари за сè, потребни се сериозни буџетски заштеди

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryes4l5d9s8l2t0dBnWgy

Лоши вести за работниците во Германија: Компаниите повторно планираат отпуштања

Свет | пред 2 дена

media-libraryqtd8d6pqhbcl3B2Tcnh

Спречени можни терористички напади во Европа, уапсени двајца во Германија

Свет | пред 3 дена

media-libraryo5htuaensgme5GzpmeM

Руски државјанин шпионирал од Германија: Следел маж поврзан со украинските вооружени сили

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања