Осудениот Митко Пешов за случајот „27 април“, за кого Европскиот суд пресуди дека незаконски бил држен зад решетки во притвор, ја поздрави одлуката. Според него, ова е пресуда која докажува дека 16 осуденици од овој предмет, кои добија вкупно 188 години затвор и се уште ги отслужуваат, немале право на фер судење.
„Правдата е спора но е достижна, Судот во Стразбур утврди повреда на правата при определување на притвор од страна на домашните судови. Она што ние го зборуваме повеќе од 6 години, дека ние немавме ОСНОВНА фер судска постапка од почеток до денес го потврди и оваа пресуда која е уште една во низата пресуди кои стигнаа изминатите месеци во наша корист. Оваа пресуда е доказ за тоа дека ние немавме фер, објективно и непристрасно судење.
Јас сум убеден дека сите оние кои учествуваа во монтирањето на овој процес ќе одговараат пред лицето на правдата. Денот доаѓа!“, напиша Пешов.
Претходно:
Пешов и Ристовски незаконски биле држени во притвор за „27 април“ пресече Европскиот суд: Немало факти дека постоел ризик за бегство
Адвокатката Павлина Зефиќ, бранител на обвинетиот Митко Пешов во случајот „27 април“, објави дека Европскиот суд за човекови права пресудил дека Пешов, но и Спиро Ристовски, незаконски биле држени во притвор со одлука Кривичен суд.„Втора пресуда на Европскиот суд за човекови права, во која се утврдува повреда за обвинетиот Митко Пешов, обвинет во предметот 27-ми Април, во постапката со одредување на мерката притвор од домашните судови. Мали износи на штета, но за нас голема сатисфакција зошто знам дека ќе следуват и други пресуди со повреди од судот во Стразбург за оваа постапка. Се надевам судовите ќе извлечат поука и ќе ја променат праксата со притворите, за да не плаќаат граѓаните за нивните грешки!“, напиша Зефиќ.Европскиот суд цени дека немало конкретен факт дека Пешов и Ристовски ќе бегаат„Во текот на разгледуваниот период, ризикот од бегство на апликантите беше оправдан од властите во однос на тежината, политичкиот мотив, целта и начинот на извршување или последиците од делото, како и степенот на кривичната одговорност и тежината на потенцијалната казна. Судовите не покажаа постоење на ниту еден конкретен факт во прилог на нивните заклучоци дека постоел ризик од бегство“, стои во пресудата на ЕСЧП.
Македонија | пред 2 години