Пет дена по пожарот, министрите и директорите чувствуваат морална одговорност - но сите си останаа на функциите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
direktori-ministri

Пет дена по пожарот во тетовската модуларна болница, каде 14 пациенти ги загубија животите, одговорност не понесе никој. Роднините се гневни, граѓаните бараат правда - истрагата во тек. Засега, не се констатирани ниту оставките на директорот на тетовската клиника Флорин Бесими и економскиот директор, Артан Етеми. Нивните повлекувања наидоа на поддршка од јавноста и беа поздравени како добар чин на морална одговорност, но која ќе е одлуката на министерот Венко Филипче, не се знае. Засега двајцата остануваат на функција.

— реклама —

Оставки од морални причини дадоа и министрите Венко Филипче и Илир Хасани. Оставката на Филипче јавноста ја оцени како театар, бидејќи дојде ден откако тој на прес-конференција кажа дека не се повлекува додека не заврши истрагата, излезе со обраќање дека понудува оставка, а не непонира неотповиклива оставка. По ова, премиерот Зоран Заев не го дава Филипче и не носи одлука за разрешување додека не заврши истрагата. Ова беше оценето како „лош ПР трик“.

Иако сите четворица, како што кажаа, „чувствуваат морална одговорност“, сите си останаа на функциите. За тоа време, Обвинителството испитува која е причината за пожарот, како се раширил толку брзо, зошто немало целосна евакуација на пациентите, што правеле дел од нивните роднини во болницата, чија е одговорноста. Одговор на сите овие прашања беше најавен во најбрз рок. Во Македонија доаѓаат и германските истражители, кои треба да помогнат на обвинителите.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања