„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

Пет денари дополнитени субвенции за килограм арпа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
orizz

Дополнителна субвенција од пет денари за килограм е мерката со која Владата ќе ги мотивира оризопроизводителите да ја предадат арпата во фабриките за откуп, наместо да им стојат во амбарите, рече денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски на средбата со оризопроизводителите во Штип.

— реклама —

Тој најави дека мерката во вторник ќе биде ставена на владина седница и усвоена. Со мерката, оцени, ќе се раздвижи пазарот, а оризопроизводителите ќе можат да го продадат своето производство.

— реклама —

-Мерката ќе важи до 31 март 2019 година и сметаме дека со неа ќе направиме значајно раздвижување. Очекуваме 5.000 до 10.000 тони да бидат дополнително опфатени. Го прифаќаме барањето на подсекторската група и барањето на оризопроизводителите за дополнителни пет денари. Сметаме дека тоа за Владата треба да е прифатливо и излегуваме со еден позитивен аспект и позитивен однос кон целокупната оваа гранка- вели Николовски.

— реклама —

На денешната средба со оризопроизводителите се разговарало и за откупот на оризот кој во моментов е неорганизиран и за што Министерството има направено сериозни анализи, увозот, пестицидите, особено нивниот квалитет, континуитетот на предавање на оризовата арпа во регистрираните центри.

Николовски потсети дека субвенциите за оризопроизводителите за една година се 300 отсто зголемени. Во источниот регион се очекуваат 17.000 тони оризова арпа, од кои досега се предадени само 3.000 тони.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања