Охридскиот основен суд избира претседател. Конкурсот заврши во петокот, а неофицијално дознаваме дека пријавени се пет кандидати за оваа функција. Според извори на Охрид1, на конкурсот се пријавиле, судијата од Апелациониот суд Битола, по потекло од Вевчани, Васил Баткоски, бившиот претседател на основниот суд Владо Дејаноски, судијата Ефтим Попески, судијата Богоја Стрезоски и судивката Весна Кичеец.
Актуелниот претседател на основниот суд, судијата Милчо Клишески, нема право да се бори за трет мандат.
Она што е симптоматично е тоа што огласот се објави скоро месец дена порано. Имено според законот огласот требаше да објави 60 дена пред истекот на мандатот на актулениот претседател или на почетокот од Новата Година, затоа што мандатот на Клишески му истекува на крајот од месец февруари.
Прашање кое се наметнува е зошто огласот се објави многу порано, и дали ќе се избери нов претседател на основниот суд во Охрид, со оглед на тоа што доколку се распишат предвремените парламентарни избори Судскиот совет на Република Македонија, нема да има право да гласа за нов претседател на судот во Охрид.
фото: Архива