Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пет пожари сè уште се активни, два се ставени под контрола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryq8n8763ik4287kVU6Wy
Илустрација

На територијата на Македонија до 18:00 часот се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои пет сè уште се активни, два се ставени под контрола, а седум се целосно изгаснати.

— реклама —

Според најновите податоци, активни се пожарите во Општина Илинден кај селото Мршевци, каде што гори сува трева, во Општина Босилово кај селото Секирник, каде што е зафатена депонија, како и во Општина Чашка кај селото Војница, каде што огнот зафатил нискостебелна деградирана шума и сува трева.

— реклама —

Пожари се активни и во кавадаречкото село Шивец, каде што гори сува трева, како и во штипското село Долани.

Под контрола се ставени пожарите на градската депонија во Демир Хисар и на депонијата кај селото Железница во Општина Кратово.

— реклама —

Во текот на денот противпожарните екипи успеале целосно да изгаснат седум пожари. Интервенции имало кај католичките гробишта во Битола, во селото Мало Коњари и во близина на средното училиште „Орде Чопела“ во Прилеп, во тетовското село Непроштено, како и на три локации во Гостивар.

— реклама —

Надлежните служби остануваат на терен и продолжуваат со активностите за локализирање и гаснење на преостанатите жаришта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3k3obm0rggs5FPIqHz

(Видео) Голем пожар кај Бит-пазар во Скопје: Горат магацини, интервенираат шест противпожарни возила

Скопје | пред 3 дена

— реклама —
media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања