Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Пет пријави за физички напади во Битола, Прилеп и Македонски Брод

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library2mm6djr5uia48fX7fbU
Скопје1

Пет случаи на физички напади биле пријавени во полицијата во текот на 1 и 2 ноември, во Битола, Прилеп и Македонски Брод.

— реклама —

Во Битола, 39-годишен маж пријавил дека бил нападнат од гостин во угостителски објект на улицата „Лавчански пат“, при што се здобил со тешка телесна повреда. Исто така, 41-годишна битолчанка пријавила дека нејзиниот малолетен син бил нападнат на Градското шеталиште, а 36-годишна жена пријавила дека сопругот физички ја нападнал во семејниот дом.

— реклама —

Во Прилеп, полицијата го лишила од слобода 36-годишниот М.Ѓ., по пријава дека физички ја нападнал својата поранешна партнерка.

— реклама —

Физички напад бил пријавен и во Македонски Брод. 48-годишен жител на градот пријавил дека во селото Растеш бил нападнат од друго лице, кое употребило и дрвен предмет, при што му нанело повреди.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите. По целосно документирање на дел од настаните ќе следуваат соодветни поднесоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye7sj9fb0s3focEaZRIR

Украле сребрен накит од стан во Битола, двајца приведени, по третиот се трага

Македонија | пред 2 минути

— реклама —
media-libraryrc01d8mtb6rs8s030NI

Нудел помош при подигнување пари од банкомат, па им земал дел од парите

Македонија | пред 1 час

media-librarys3rfga96lgp32DW9EYn

Петмина возачи приведени за безобѕирно управување, тројца возеле без возачка дозвола

Македонија | пред 1 час

media-librarypkffqec7e2am1lN7wc5

21-годишник тешко повреден откако со автомобил удрил во бандера кај Велешта

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања