Промени тема
Контакт

ПЕТ центарот ќе работи за викенди и празници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-library4ghbfu3jjeog3jeI9vv

ПЕТ центарот ќе продолжи да работи и за време на викендите и празниците, почнувајќи од претстојниот продолжен викенд, со цел да се намалат листите на чекање и пациентите побрзо да добијат пристап до потребната дијагностика.

— реклама —

Министерството за здравство, во соработка со ПЕТ центарот, информира дека работата за викенди ќе продолжи и во наредниот период, согласно утврдениот план.

— реклама —

Директорката на ПЕТ центарот, д-р Невена Маневска, изјави дека реорганизацијата има цел да го намали времето на чекање и да продолжи трендот на зголемување на бројот на достапни термини.

„Оваа реорганизација се спроведува за да ги намалиме листите на чекање. Очекуваме да продолжи трендот што го воспоставивме во изминатите две години, кога двојно ги зголемивме термините“, изјави Маневска.

— реклама —

Таа упати благодарност до здравствените работници и соработниците кои придонесуваат за спроведување на оваа организација на работата.

Од Министерството посочуваат дека секојдневно се работи на подобрување на достапноста на здравствените услуги и на скратување на периодот што пациентите го поминуваат чекајќи дијагностички прегледи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања