ВО ЖИВО

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Пет сообраќајки го „тресеа“ Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
soobrakajka

Во текот на изминатиот ден (28.02.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно пет сообраќајни незгоди од кои една сообраќaјна незгода со тешки телесни повреди, една со телесни повреди и три сообраќајни незгоди со материјална штета.

— реклама —

Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и едно лице се здобило со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 27 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 26 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 18 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и пет возачи затоа што биле возачи-почетници.

Исто така исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи 11 биле нерегистрирани и пет возила биле технички неисправни.

— реклама —

Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четворица поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, двајца поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, тројца возачи поради непоседување пропишана зимска опрема, 11 поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 14 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкционирани е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 104 мандатни платни налози и 85 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања