Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Пет странци го планирале убиството во Штип, пиштолот е купен во Скопје: убиецот има 21 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
IMG_4872

Пет лица се осомничени за убиството кое се случи во центарот на Штип. Убиецот немал дозвола за престој во државата, а исто така и еден од помагачите. Но затоа, регуларен прстој имале тројцата други со кои се планирал крвавиот чин.

— реклама —

Убиецот, има 21 година. Обвинителството се сомнева дека пиштолот го купил во Скопје, од непознато лице за 1.110 евра. Од оружјето е избршиан серискиот број и податокот кој требало да го покаже моделот. Потоа со тој пиштол, со умисла и од безобѕирна одмазда лишил од живот едно лице, исто така турски државјанин со престој во Штип.

— реклама —

„Преку мобилни апликации се договориле со жртвата да се сретнат за наводно да ги надминат долготрајните недоразбирања меѓу нив. Но, по 15-минутен разговор во угостителскиот објект, осомничениот влегол во тоалетот и веднаш излегол, па на вратата која го дели отворениот од затворениот дел од кафулето го извадил пиштолот и испукал неколку куршуми во правец на оштетениот, нанесувајќи му повеќе огнострелни повреди од кои подоцна починал“, велат од Обвинителството.

— реклама —

Осомничените за планирање на убиството, меѓу кои има една жена, се навозраст од 22 до 28 години. За ова кривично дело, убиецот може да добие и доживотна казна затвор. Девојката, била задолжена да го вози автомобилот „БМВ“ со кое подоцна бегале.

„На точно неутврдена локација во Штип го качиле во автомобил БМВ и сите заедно се упатиле кон Скопје. Кај наплатната станица Миладиновци на автопатот Штип-Скопје биле пресретнати и запрени од полициска патрола и се дале во бегство, но биле уапсени“, додава Обвинителството.

Побаран е притвор за сите пет лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања