Петар Колев: Болно и навредливо е кога некој ќе ти го запали националниот симбол

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
138937834_10217706742012640_643719438075012622_n

Да го запалиш знамето на државата која прва не призна и испрати јасен  сигнал кон целиот свет дека Македонија ќе биде самостојна и суверена  држава, да го направиш на тој или претходниот ден после 29 години, е

— реклама —

повеќе од јасна порака.  Да го запалиш знамето на државата која образовала илјадници твои деца,  дала државјанства на илјадници твои граѓани, комшии, роднини кои работат  низ цел свет и праќаат пари на своите семејства за да ги спасат од глад  и мизерија, во која држава и денес функционираат фирми на твои сограѓани, роднини и комшии, а печалбите ги трошат во Македонија е меко кажано невоспитано, истакна Петар Колев, претседател на ГДУ.

— реклама —

Колев додава:

— реклама —

Проблемите и нерешените прашања се решаваат, но комшиите и роднините остануваат.

Жал ми е што ова се случи, се надевам дека сфаќаме како општество колку е болно и навредливо кога некој ќе ти го запали националниот симбол и каква навреда е тоа. Ни се случувало многу пати да гори и македонското

знаме, но за волја на вистината никогаш не било палено во Бугарија или од Бугари туку од други наши соседни земји, но и наши сограѓани од друга  етничка припадност.

Палењето на национални симболи е кривично дело, извршено од индивидуалци и очекувам институциите да си ја завршат својата законска обврска, бидејќи сум убеден дека ние како општество не сме должни да го носиме

срамот и навредите предизвикани од индивидуални постапки.

Искрено и човечки се извинувам на секој роднина и комшија, граѓанин на Бугарија за оваа постапка. Ова е навредливо пред се за мене, па после и  за секој Бугарин каде и да живее во светот.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања