„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Петар Колев, претседател на ГДУ: Честит Св. Кирил и Методиј, честит Рамазан Бајрам!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
32308868_363326000853869_4210125723215593472_n

Дозволете ми, од мое лично име и од името на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, да упатам искрени честитки по повод двата големи празници во нашата земја, Св.Кирил и Методиј и Рамазан Бајрам, се вели во честитката од Петар Колев, претседател на ГДУ. Во продолжение на честитката се вели:

— реклама —

Селовенските просветители и учители, браќата Кирил и Методиј, со нивното дело дадоа огромен  придонес во поставувањето на темелите на писменоста на словенските народи вклучително и на македонскиот. Нивната просветителска мисија е заслужна и остави траен белег во историјата и културата. Писменоста и духовноста е едно од основните обележја на еден народ. Правото на образование и писменост е право на апсолутно секој граѓанин во нашата земја, кое никогаш не смее да биде одземено на никој, без разлика на полот, верата или етничката определба.

Различноста е специфична за нашата Македонија која ја прави поубава и побогата. На овој убав ден во нашата земја исто така се празнува и друг голем празник, Рамазан Бајрам. На припаниците на исламската веросиповед за празникот Рамазан Бајрам им посакувам добро здравје, љубов и спокојство. Во нивните семејства нека царува хармонијата и благосостојбата.

— реклама —

Нека празниците бидат мост со кој ќе не поврзат сите граѓани во Македонија и со заеднички сили секогаш да се бориме со препреките и потешкотиите кои ќе се појават на нашите патишта, а со цел подобра иднина на сите нас и нашите деца.

Честит Св. Кирил и Методиј, честит Рамазан Бајрам!

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања