Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Петкоска: Дали воопшто директорот Алексијоски размислува да го реши проблемот со водоснабдувањето?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
FullSizeRender-22-08-19-13-11

Жално и болно е во 21 век да зборуваме за непостоење на елементарни услови за живеење кои се клучни за животот и здравјето на луѓето, истакна Лидија Петкоска, советничка во Советот и претседателка на УЖ Охрид.

Градоначалникот Константин Георгиески и директорот на МЈП „Проаква“ – Р.Е. „Водовод“, Владимир Алексијоски кога ветуваа „Живот за сите“, не помислија ли дека сите граѓани на Охрид имаат подеднакво основно човеково право на вода?

— реклама —

Дали почитуван градоначалнику откако завршија изборите издвоивте барем половина час за да ги сослушате жителите од погорните куќи на селото Горно Лакочереј, кои молат за капка вода?

— реклама —

Сте се сретнале ли барем еднаш со жителите на Велгошти, Видобишта од Стобекс спрема село Рамне за да Ви кажат дека во летниот период притисокот на водата им е речиси на нула?

— реклама —

Очигледно дека партиските состаноци за наводно работно лето се поважни од потребите и жедта на граѓаните.

Ве загрижува ли песокот во водата што ја пијат жителите на улица „Мaкедонски просветители“ или матната вода којашто ја имаат во Долно Лакочереј?

Нели имате бар трошка грижа на совест заради фактот што овие граѓани веќе и не очекуваат чиста и здрава вода, туку молат за каква-таква вода, за да можат нормално да функционираат?

Дали воопшто директорот Алексијоски размислува да го реши проблемот со водоснабдувањето?

Колку и да нè убедувате дека Блескаме, бидете сигурни дека без елементарни услови за живот нема да ги задржите младите во Охрид, ниту ќе го развиете туризмот.

Крајно време е да ги засукате ракавите и да почнете да го исполнувате ветеното, затоа што доцните повеќе од две години, истакна Лидија Петкоска, советничка во Советот и претседателка на УЖ Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања