Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Петкоска: СДС и Филипче не ги читаат пораките од граѓаните и измислуваат теми како мигранти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-librarye9jbt7366ibb0cUHZ6f

Лидија Петкоска, пратеничка во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во вечерашното издание на ,,Топ тема“  на Телма телевизија, каде тема беа нелегални мигранти во земјава, наметната од политичката партија СДС, а за која СДС иницираше и онлајн петиција.

— реклама —

,,Во отсуство на креативност, во отсуство на волја за работа, се наметнува една имагинарна тема, а е нешто што не постои и за нешто што нема ниту еден солиден, аргументиран доказ“, рече Петкоска.

— реклама —

Петкоска нагласи дека СДС, како и актуелниот лидер на партијата, Венко Филипче, континуирано не успеваат да ја разберат пораката што граѓаните јасно ја испраќаат, како на парламентарните избори минатата година, така и на локалните избори годинава, и според неа, тоа е порака која значи недоверба.

,,Венко Филипче и СДС, за жал никогаш не ја сфатија пораката од граѓаните и тоа им се удри од глава на два последователни изборни процеси“, истакна Петкоска.

— реклама —

 Петкоска се осврна и на онлајн петицијата иницирана од СДС, при што потенцираше дека за истата биле потребни 47.897 потписи, додека пак ја поддржале само 2.103 граѓани. Според неа, овој податок претставува уште еден јасен сигнал за слабата поддршка и доверба што граѓаните ја имаат кон СДС и Венко Филипче.

— реклама —

,,Ова е уште една порака од граѓаните, дека не му веруваат на тезата дека ќе дојдат мигранти во Република Македонија“, кажа Петкоска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања