Промени тема
Контакт

Петковски го откри анти западниот став на Владата, вели Алијанса за Албанците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
tito-petkovski

Алијансата за Албанците најостро ги осудува последмите изјави на актуелниот владин партнер Тито Петковски против Европската Унија и Западот и неговите пофалби за Владимир Путин и Александар Вучиќ.

„Со овие изјави Петковски најавува антизападната поставеност на Владата, повикувајќи ја да тргне по својот пат во надворешна политичка и да не го следи Западот, како и поттикнувајќи ги симпатиите на македонските граѓани кон Путин и Вучиќ. Партнерот на ДУИ и СДСМ во последната изјава недозволиво повикува на авторитарен лидер кој ќе му се спротивстави на Западот. Тој зборува против западните санкции кон Русија, додека сè уште се повикува во име на Владата на земја членка на НАТО и тврди дека планира членство во Европската Унија.

— реклама —

Петковски во оваа прилика откри еден многу важен факт. Велејќи дека Македонците бараат авторитарен лидер кој ќе биде против Западот, тој ја откри причината зошто Али Ахмети и ДУИ се нивни миленици и продолжуваат да го бранат две децении како последен диктатор на Западен Балкан.

— реклама —

Наместо да ја гледа нивната неспособност во владеењето на сите нивоа, вклучително и високата корупција, секојдневните судски скандали и постојаната соработка со Мијалков и неговиот клан, оставајќи ги нив на слобода и невините во затвор, Тито Петковски ја обвинува ЕУ за неусоесите на земјата во процесот на интеграција.

— реклама —

Сето ова уште еднаш го потврдува она што ние како Алијанса за Албанците постојано го кажавме, дека главна пречка за интегративниот процес се корумпираните, авторитарните и антизападните елементи инсталирани во актуелната Влада“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања