Промени тема
Контакт

ПЕТ/КТ скенерот на УИ ПЕТ не работи, пациентите ќе се упатуваат на други дијагностички методи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library4ghbfu3jjeog3jeI9vv

ПЕТ/КТ скенерот на Универзитетскиот институт за позитронска емисиона томографија (УИ ПЕТ) моментално не работи поради технички дефект, информира Министерството за здравство.

— реклама —

Од Министерството наведуваат дека проблемот е поврзан со производството на радиоизотопи и со циклотронот. Овластениот сервисер интензивно работи на отстранување на дефектот, а преземени се потребните мерки апаратот повторно да биде ставен во функција во најкраток можен рок.

— реклама —

Според Министерството, проблемот е последица на долгогодишно занемарување и недоследно следење на протоколот за превентивно одржување на дифузионата пумпа, вклучително и нејзино редовно чистење и замена на маслото на секои пет години. Оттаму велат дека актуелното раководство веднаш по утврдувањето на состојбата презело мерки за надминување на проблемот.

— реклама —

Министерството додава дека се преземаат и активности за набавка на нова опрема, со цел здравствениот систем во иднина да не зависи од еден апарат.

Клиниката за онкологија и радиотерапија и Клиниката за хематологија се веќе информирани и ќе вршат понатамошна тријажа преку други достапни дијагностички методи, со цел лекувањето на пациентите да продолжи без прекин.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања