Петличковски за случајот со малата Јана: Вирусните миокардити знаат да бидат бурни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
aleksandar-petlickovski-960x698-1

-Со оглед на фактот дека малата Јана најверојатно починала од миокардит, а вирусите се честа причина за миокардит, не се исклучува можноста да имала вирусна инфекција. Лекарите во битолската болница со консултирале и со клиниката во Скопје и биле на добар пат за поставување на дијагнозата, но за жал вирусните миокардити знаат да бидат бурни и за само неколку часа може да се случува смртта. Не верувам дека во битолската болница можеле да направат нешто повеќе, истакна претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски во гостување на Сител ТВ.

— реклама —

Според Петличковски, најчести предизвикувачи на миокардит се Аденовирусите, Парвовирусите и секако вирусните инфекции од ковид, но, како што рече, шест месеци е малку предолг период за директно да се поврзе ковидот.

— реклама —

– Многу е веројатно дека некој вирус бил предизвикувач на миокардитот, но не можеме со сигурност да потврдиме кој е тој вирус. Шест месеци период е предолг период за да го инкриминираме ковидот и директно да посочиме дека е тој виновникот. Некој вирус многу веројатно бил, истакна Петличковски.

— реклама —

На прашањето околу забелешката на родителите на малата Јана дека таа имала отоци во телото и дали тоа можело да биде некаков сигнал дека се случува такво нешто и да биде предупредување за лекарите, тој одговори дека отоците на очните капаци, како што вели, веројатно се поврзани со ослабување на функцијата на срцевиот мускул.

– Мислам дека лекарите во битолската болница тоа веднаш го детектирале и почнале постапки за проценка на срцевата функција. Знам дека имало и консултации со клиниката во Скопје, и со Детската клиника и со Кардиологија, и прилично сум сигурен дека биле на добар пат во поставувањето на дијагнозата. За жал, некогаш овие вирусни миокардити знаат да бидат многу бурни и само за неколку часа се случува смртта, така што не верувам дека во битолската болница можеле да направат нешто повеќе, подвлече Петличковски. Исто така информираше дека во определен мал дел на овие случаи состојбата е многу тешка и ургентна и дека тоа не може да се предвиди на почеток.

– Тоа се непредвидливи и многу тешки случаи и за жал немаме начин како тоа да го спречиме, посочи претседателот на Комисијата за заразни болести додавајќи дека можат да постојат некои благи симптоми но овој фулминантен тек не може да се предвиди, непредвидлив е и тешкорешлив, рече Петличковски, информирајќи и дека вирусните миокардити само околу еден процент завршуваат со смртен исход.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања