Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Петмина скопјани обвинети за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
ojo

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица, сите за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Имено, по пристигнување од земји со висок и среден ризик на 16, 17 и 18 март, секој од обвинетите потпишал изјава со која прифатил да се самоизолира во својот дом во период од 14 дена. Но, при проверките направени на 18 и 19 март, од страна на овластени службени лица, не биле затекнати на наведените адреси.

Обвинетите, иако должни да ги имплементираат мерките определени во Писмена наредба на Министерството за здравство за сузбивање или спречување на епидемијата на коронавирусот – COVID 19, како и обврската од потпишаните изјави за самоизолација, не постапиле согласно предвиденото, со што го сториле кривичното дело.

— реклама —

Јавните обвинители кои постапуваат во предметите за сите обвинети лица на Судот му предложија да изрече парични казни во висина од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена во износ од по 20 евра во денарска противвредност​.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања