Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Петмина возеле пијани, седум без дозвола: МВР приведе 13 возачи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryff65cj8cn0o43RJO8pO
Илустрација / Скопје1 / МВР

Тринаесет возачи се лишени од слобода во изминатото деноноќие на територијата на целата држава поради „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од приведените, седум управувале возило без возачка дозвола, а еден од нив бил малолетник. Еден од возачите, покрај тоа што немал дозвола, бил и под дејство на алкохол.

— реклама —

МВР информира дека меѓу лишените од слобода е и странски државјанин кој бил запрен на граничниот премин Табановце.

— реклама —

Преку системот „Безбеден град“ било утврдено дека тој управувал со брзина од 164 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина била 80 километри на час.

Пет лица, според полицијата, управувале возило под дејство на алкохол. Еден од нив учествувал во сообраќајна несреќа во која се здобил со тешки телесни повреди.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Полицијата упати апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол.

Од МВР порачуваат дека почитувањето на сообраќајните правила е неопходно за поголема безбедност на патиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

policija-policaec-35

За два дена двапати фатен „мртов пијан“ зад волан: Битолчанец возел со 3,23, па со 3,50 промили алкохол

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
uapsen

Скопјанец приведен во прилепско: Во автомобилот пронајдени македонски рубини, марихуана и над 489 илјади денари

Македонија | пред 17 часа

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Насилството во Македонија не стивнува: Девет пријави за физички напади во Скопје и Тетово

Македонија | пред 18 часа

media-libraryke6akhmugg4sd9syNXi

Судир на две возила на улицата „Борис Трајковски“, тешко повредена 76-годишна скопјанка

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања