Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Петров: Одлуката на Уставниот суд е срамна и недозволива, против солидарноста и на штета на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Денешната одлука на Уставниот суд со која отвора постапка за поништување на Уредбата за намалување на платите на 14.500 денари на судиите, обвинителите, функционерите и пратениците е срамна и недозволива, истакна Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

— реклама —

— реклама —
СДСМ најостро ја осудува оваа срмана одлука на Уставниот суд која е против солидарноста и на директна штета на борбата против коронавирусот, на директна штета на граѓаните.

— реклама —
Со ова, Уставниот суд спречи обезбедување на 240 милиони денари, или околу 4 милиони евра во Буџетот за државата за мерки за справување со кризата со коронавирусот.

Довербата во Уставниот суд повторно е поткопана. Ја поставува неправдата како соперник во борбата против економските последици од коронавирусот.

Уште еднаш, се потврдува потребата и програмската определба на СДСМ за прочистување на судството, истакна Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

фото и видео: СДСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања