Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Петров: Преку платежните картички и ваучери ја зголемуваме куповната моќ и домашната потрошувачка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Нашата цел е јасна – заедно ќе ја пребродиме кризата со коронавирусот и заедно ќе излеземе од оваа криза, уште похрабри и уште посилни. Уште од самиот почеток на кризата, презедовме низа мерки преку кои со директна финансиска поддршка им помагаме на граѓаните и на компаниите полесно да ја пребродат оваа глобална криза, истакна Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

Во тек е реализација на третиот пакет на економски мерки, наменет за 730.000 корисници и со вредност од 355 милиони евра. Целта на овој пакет е да ја зајакнеме приватната и јавната потрошувачка и да креираме нова, развојна македонска економија. Со овој пакет мерки ја поддржуваме нашата економија и нашите производи и услуги а со тоа и ги штитиме работните места на граѓаните но и креираме нови.

— реклама —
Дел од третиот пакет мерки е домашната платежна картичка „Купувам домашно“.

Вкупно 28 милиони евра им се доделуваат на 324.479 граѓани, како директна парична поддршка од државата со цел да се зголеми куповната моќ и да се стимулира приватната потрошувачка.

Средствата веќе се исплатени на деветте банки издавачи на домашната картичка,  кои до 18 јули ќе им бидат поделени на граѓаните корисници на оваа мерка.

— реклама —
Картичка со 9.000 денари добиваат невработените, активни баратели на работа кои оствариле примања до 180.000 денари во текот на 2019 година и до 60.000 денари од јануари до април годинава, како и примателите на социјална помош.

Ваучер за домашен туризам вреден 6.000 денари и финансиска помош до 3.000 денари на платежна картичка добиваат, вработените кои за периодот од јануари до април годинава оствариле примања до 60.000 денари.

Средношколците и студентите од 16 до 29 години добиваат платежни картички со вредност од 3.000 денари, а над 4.300 здравствени работници кои се на првата линија во борбата против коронавирусот на картичка ќе добијат 40% од последната основна нето плата.

— реклама —
Граѓаните нема потреба да аплицираат за домашната платежна картичка, туку ќе ја добијат системски и едноставно, дури и во случај да имаат блокирана сметка.

На интернет страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk граѓаните може да се информираат за тоа дали се корисници на картичката, нејзиниот паричен износ и постапката на издавање.

Овие платежни картички и ваучери се само дел од трите пакети мерки кои обезбедуваат нова развојна македонска економија.

— реклама —
Ние не застануваме тука. Ќе продолжиме со креирање на нови мерки. Заедно, ќе продолжуваме да ги штитиме работните места на нашите сограѓани и заедно ќе креираме нови.

Вие треба само да се придржувате до мерките за заштита на здравјето и да бидете спокојни, заедно ќе излеземе од оваа криза похрабри и посилни, истакна Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

фото: СДСМ

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања