Петров: Здравјето е најважно, сите да ги почитуваме мерките за заштита, да се адаптираме на ново нормално

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
kosta-petrov

— реклама —
Најважно во оваа нова нормалност е да ги почитуваме мерките за заштита, да ги почитуваме правилата, бидејќи, иако звучи како клише, здравјето е најважно, истакна потпретседателот на СДСМ Коста Петров, во емисијата Tоп тема на Телма.

— реклама —
Петров рече дека СДСМ секогаш е на терен со граѓаните, секако со почитување на протоколите за заштита, додавајќи дека во рамките на активностите на партијата во Куманово во текот на викендот бил делен едукативен материјал во врска со коронакризата, со строго почитување на мерките и задолженијата.

Тој истaкна дека во овие услови на коронакризата се менуваме сите, се менува бизнисот, луѓето, политичките партии и се прилагодуваме на новата состојба.

Бројките на новозаразени, не се тоа што треба да бидат, се надевам дека бројот нема да продолжи да расте, а сите треба да се адаптираме на новото нормално и да ги почитуваме мерките за заштита, одржување дистанца, носење заштитни маски, дезинфекција. Најважно е да ги почитуваме протоколите и мислам дека тоа апсолутно е  правило за сите граѓани и за сите политички партии, нагласи Петров, во гостувањето на ТВ Телма.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања