Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Петрова: Додека ги одбројува последните денови, Владата во заминување не ,,зауздува” со трошењето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Elena-Petrova

Ниту силината на изборниот пораз не ги "заузда" владините функциононери во заминување во трошењето буџетски средства, одење на службен пат во странство, правење гала прослави... До 15 мај 2024 год. поминавме два викенди, три празнични неработни денови и еден изборен неработен ден. Колку потроши Владата во преостанатите седум работни денови, додека треба да се пакува за да ги испразни кабинетите?

Вкупните буџетски расходи од 367 милиони евра во календарскиот период 01/05-15/05/2024 год. се:

— реклама —

- само за 9% помалку од вкупните буџетски расходи за ЦЕЛ месец мај во 2023 год.

— реклама —

- поголеми во просек за 11% од вкупните буџетски расходи за ЦЕЛ месец мај во 2022 год., 2021 год. и во ковид-годината 2020.

— реклама —

Во овој календарски период 01/05-15/05/2024 год. новосоздадениот буџетски дефицит т.е. негативна разлика меѓу помалку наплатените буџетски приходи и повеќе исплатените буџетски расходи изнесува 189 милиони евра и е:

- во просек за 250% поголем од буџетскиот дефицит создаден во текот на ЦЕЛ месец мај во претходните четири години (2020-2023)

- поголем за околу 170% во споредба со буџетскиот дефицит создаден во текот на ЦЕЛ месец мај во кризната-ковид 2020 год.

Новата политичка влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери наскоро ќе биде назначена. Ќе дојдат нови луѓе кои одговорно ќе ги водат државните органи и тела, ќе ги насочат јавните финансии за создавање долгорочни бенефити за македонските граѓани, но и од првиот ден ќе ги "отворат сметките", ќе ги разоткријат и ќе иницираат сакционирање за сите досегашни незаконски и штетни трошења од Буџетот.“, вели Елена Петрова, дополнителен заменик-министер за финансии во преодната Влада Елена Петрова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања