Петрова: „Мој ДДВ“ не ги исполни целите, но укинување засега не се разгледува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarye0eukejjvjoqbWaC73X
ФБ

Мерката „Мој ДДВ“, со која граѓаните добиваат поврат на дел од платениот данок преку скенирање фискални сметки, не ги дала очекуваните резултати во борбата против сивата економија, оцени директорката на Управа за јавни приходи, Елена Петрова.

— реклама —

Во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма, Петрова истакна дека иако бројот на корисници на мерката континуирано расте, анализите на институцијата покажуваат дека таа не го постигнала основниот ефект поради кој била воведена – значително намалување на сивата економија и зголемување на фискалната дисциплина.

— реклама —

Таа нагласи дека во моментов не постои одлука, ниту конкретна иницијатива за укинување на „Мој ДДВ“, но дека е неопходно сериозно да се разговара за нејзината ефикасност, имајќи предвид дека станува збор за значителни јавни средства.

— реклама —

„Кога се работи за мерка што се финансира од буџетот, мора да се направи анализа дали ги испорачува целите за кои е воведена. За 2025 година, на квартално ниво, за оваа мерка се издвојуваат околу 14,5 милиони евра за приближно 502.000 корисници. Тоа изнесува околу 4 проценти од годишната наплата на ДДВ или еквивалент на половина месечен приход од ДДВ“, рече Петрова.

Според неа, иако и износот што се издвојува и бројот на корисници растат од година во година, тоа не значи дека мерката ја постигнува својата суштинска цел. „Мој ДДВ“, воведена во 2019 година, требаше секој граѓанин да го стави во улога на даночен инспектор и да придонесе за сузбивање на нерегистрираната економска активност.

„Ако мерката се оценува токму од тој аспект, податоците што ги имаме и состојбите што ги гледаме на терен јасно укажуваат дека посакуваниот ефект не е постигнат“, заклучи директорката на УЈП.

Во наредниот период, како што најави, ќе следуваат анализи и разговори за тоа како мерката може да се унапреди или прилагоди, со цел јавните средства да се користат поефикасно и да се постигнат подобри резултати во борбата против сивата економија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

20190703093800

Денеска нема да работи апликацијата „МојДДВ“

Македонија | пред 3 години

moj-ddv

Доколку скенирате сметки, насоки што треба да направите со апликацијата „Мој ДДВ“

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања