Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Петрова: Незаконити се одлуките за вработувања и унапредувања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Elena-Petrova

,,Пресуди на Вишиот управен суд се поништени како незаконити одлуките на ДИК (кои беа донесени врз основа на барања на Министерот за финансии) со кои ДИК одлучи дека актите за вработувања и унапредувања не се однесуваат на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите и не треба да се потпишуваат со "врзани" потписи на Министерот за финансии и Дополнителниот заменик на министерот.

Со ова се докажа дека Министерот за финансии, по формирањето на техничката Влада, незаконски ги потпиша согласностите за вработувања во јавниот сектор за околу 3000 лица, на неопределено време, определено време, привремени вработувања, договори на дело, авторски договори и превземања. Незаконити се и одлуките за вработување и унапредување во МФ. Согласно пресудите на Вишиот Управен суд, сите овие одлуки не може произведуваат правно дејство, затоа што е поништена одлуката на ДИК за прашањето за врзаните потписи.

— реклама —

Во Македонија мора да се почитува владеењето на правото и да функционира правната држава. Врзаниот потпис во Законот за Влада е предвиден како гаранција дека дискреционите овластувања на Министерот за финансии нема да се применуваат заради постигнување на политички цели во услови на постоење на техничка влада и да се спречи манипулирање со избирачката волја на граѓаните.

— реклама —

Се' додека сум на оваа функција, до последниот ден од мандатот на оваа техничка Влада ќе се борам да се почитува правото и ќе се грижам за правата и интересите на сите граѓани. Владеењето на правото претставува највисок императив за кој јас и партијата која ме номинираше ВМРО-ДПМНЕ силно и без никакви отстапки се залагаме да се почитува”, вели Елена Петрова, дополнителен заменик-министер за финансии.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања