Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Петрова: Незаконска одлука на Владата за ангажирање 459 лица со договор на дело во јавни здравствени установи.

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Elena-Petrova

,,Владата на седница одржана на 27.02.2024 год. постапувала по Известување од МФ за вработување на нови лица во случај на итни и неодложни работи во ЈЗУ. По насоките од Владата, МФ на 12.03.2024 год.доставило до ФЗО известување за обезбедени финансиски средства за ангажирање на 459 лица со договор на дело во триесет и пет ЈЗУ.

— реклама —

Ова Е СПРОТИВНО на Изборниот законик, според кој по распишување на изборите за итни и неодложни работи се дозволува САМО ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ. Тоа е постапка која се спроведува со јавен оглас на кој може да учествуваат заинтересирани лица и да биде избрано лице кое ги исполнува условите. Договорот на дело пак е однос кој се воспоставува со определено лице, без можност да се вклучат повеќе заинтересирани лица.

— реклама —
— реклама —

Според Изборниот законик, итни и неодложни работи се дозволени вработувања по распишување на изборите САМО ВО ТОЧНО ОПРЕДЕЛЕНИ СЛУЧАИ: замена на отсутен работник поради подолго боледување или отсуство, смрт на вработен и сезонски работи. Дали 250-те медицински лица и 209 лица од друг персонал (преведувач, статистичар, дактилограф, општ работник и т.н.) се за замена на отсутни или починати вработени и за сезонски работи?

— реклама —

Согласно мојата надлежност и обврска да се грижам за законито користење односно располагање со буџетските средства во овој период кога се распишани изборите и е формирана преодна Влада заради организација на изборите за наведената повреда на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интересите ќе поднесам пријава до Државната комисија за спречување на корупцијата.", вели дополнителниот заменик министер во Министерство за финансии, Елена Петрова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања